Аргентина по
потешкиот пат успеа да обезбеди виза за Светското првенство во Русија, а таму
откако со крајни напори ја мина групната рунда, уште во осминафиналето беше
сопрена од Франција која демонстрираше голема разлика на теренот славејќи со
4-3 над Гаучосите.
Многу прашања се
отворија откако камерите уловија чудна конверзација помеѓу Меси и селекторот на
Аргентина, Сампаоли, кога големата фудбалска ѕвезда беше запрашан дали да влезе
во игра Агуеро, сепак, повторно виси еден црн облак над Аргентинецот по
статистиката која излезе за него од неговите четири натпревари на Мундијалот.
Меси поминал само
31,618 километри, или помалку од осум километри по натпревар, а дури 58% од таа
дистанца ја поминал во одење низ теренот.
Одот се мери во
размак од брзина на движење од 0 до 7 километри на час, па од тие речиси 32
километри, нешто повеќе од 13 километри минал со одење на теренот, а 8
километри ги поминал со брзина од 7 до 15 километри на час, што би го
коментирале како „џогирање“.
Статистиката
покажа дека само 612 метри, Меси истрчал во полни спринтови над 25 километри на
час.
Фото:
marca.com