Во екот на се
погласните шпекулации за рекорден трансфер на Нејмар во ПСЖ, каталонската
телевизија ТВ3 објави документарец за Лео Меси и октрива дека Аргентинецот
минатото лето бил многу блиску до преселба во Манчестер Сити.
На 6. јули 2016,
Хорхе Меси му се јавил на извршниот директор на „Граѓаните“, Феран Соријано и
го известил дека неговиот син сака да замине од Камп Ноу.
Четири дена
подоцна, Пеп Гвардиола добил повик и бил информиран дека Лео Меси сака лично да
се сретне со него.
Стратегот веднаш
отпатувал за Кастељдефелс на средба со Аргентинецот.
На состанокот,
Лео Месу му кажал дека се чуствувал „заробен“ поради скандалот и судскиот
процес за затајување данок, се плашел дека би можел да заврши во затвор, па напаѓачот
побарал да му се придружи на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, Шпанецот тој месец седна на жешкото столче на „Етихад“.
Потоа Хорхе Меси
му се јавил на Хосеп Мариа Бартомеу, претсетелот на Барселона, и го информирал
за настанатата ситуација.
Бартомеу го
известил таткото на Меси дека Барса нема да го продаде играчот, и веднаш
отпатувал за Кастељдефелс на средба лице во лице со Лео за да му соопшти дека
нема шанси да му дозволат да замине.
По серија
дискусии, Лео Меси се предомислил и решил да остане на Камп Ноу, тој овој месец
доби нов договор и ја продожи верноста кон „Каталонците“.