„Меси можеш да го сопреш само ако го врзеш“

by
1 минути читање

Утре (вторник), ПСЖ ја пречекува Барселона во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите. Францускиот тим сам е виновен што заврши на втората позиција, па за противник го доби актуелниот шампион на Шпанија.

„Ниту еден тим не е непобедлив, но секако дека Барселона е фаворит. Тие се најдобриот тим во светот, па треба да ги почитувате“ – вели крилниот играч на ПСЖ, Лукас.

„Како да се сопре Меси? Легално? Невозможно е тоа. Само ако го врзете можете да го запрете“.

Но, Лукас вели дека сепак има решение како Меси да не биде толку ефективен во играта.

„Со тактика со која ќе спречите топката да доаѓа до него. Мора да бидете многу, многу организирани и посветени во текот на мечот“.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани