Аргентина со 2-1 ја
совлада Австралија и се пласираше во четвртфинале на мунадијалот во Катар, Лео
Меси беше тој кој го отвори резултатот и го скрши отпорот на „кенгурите“.
„Среќен сум,
направивме нов исчекор кон целта. Натпреварот беше тежок, игравме пред три дена
и немавме доволно време да се опоравиме. Го контролиравме натпреварот, можевме
предвреме да го решиме, но во финишот примивме гол и малку се искомплицираа работите.
Но се пласиравме во четвртфинале и тоа е најважно“ – вели Лео Меси, кој додава дека мундијалот
во Катар е посебно доживување за неговото семејство.
„Кога гледам како
моето семејство се радува на головите, ми дава надеж и среќа. Знам како ги доживуваат
натпреварите, како се радуваат, како страдаат. Моите деца сега се доволно
големи за да разберат што значи Светско првенство. Уживаат и страдаат како секој
Аргентинец“.
Пред „гауачосите“
сега е дуел со Холандија.
„Не чека силен
противник, Холандија игра многу добро, ќе треба многу да работиме и да се помачиме. Ако
натпреварите на почетокот беа тешки, овие се потешки“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.