Миланските гиганти веќе повеќе години не се дел од елитното клупско натпреварување кое и двата клуба го освојуваа.
„Италијанскиот фудбал не е ист каков што беше, мислам на многу повеќе отколку на тоа само дека Италија не се квалификуваше на Светското првенство. Пример, двата големци од Серија А како Милан и Интер не се какви што беа пред 10 години, дури веќе не играат и во Лигата на шампионите. Тоа се одразува на италијанскиот фудбал“, вели Меси.
„Полека се обидуваат да се вратат, но миланските клубови мора повторно да дојдат на нивото да се конкурентни во Европа. Без нив едноставно не е исто“.
„Според мене, Манчестер Сити заедно со ПСЖ се најсилните тимови во Лигата на шампионите во моментов, но сезоната е долга“.
„Меѓу кандидатите за трофеј би го ставил и Реал Мадрид кој има искуство и покрај тоа што во моментов нема добри резултат. Потоа тука е Баерн Минхен, уште еден клуб кој ќе се бори до крај“.