„Меси ми кажа дека сум многу лош, а јас можев само да му кажам дека е многу низок!“

by bojan
1 минути читање

Поранешниот фудбалер Алваро Гонзалез раскажа една анегдота од терените и како го провоцирал Лео Меси, можел само да му замери за височината на Аргентинецот, не и за фудбалските вештини.

Алваро Гонзалез, кој играше за клубови како Расинг, Сарагоса, Еспањол, Виљареал и уште неколку други, оваа недела реши да стави крај на кариерата и да се фокусира на други проекти.

Шпанецот сега гостуваше во емисијата „Ел Чирингито“, се осврна на својата кариера и раскажа неколку интересни приказни од фудбалските терени.

Една од нив беше поврзана со Лео Меси и кошкањето со Аргентинецот на локалното дерби помеѓу Еспањол и Барселона во 2016 година.

„Меси ми рече дека сум многу лош, но ова може да им го каже практично на сите! Па тој може на 99% од фудбалерите да им каже дека се многу лоши… не може да му каже само на Роналдо… на останатите, вклучувајќи ме и мене, слободно може да им каже. Јас и онака не сум нешто посебно спретен со нозете“ – вели Алваро Гонзалез.

„Јас сепак не можев да премолчам, морав нешто да му вратам, и единствено што можев да му кажам е дека е многу низок, тоа прво ми падна на памет!“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×