Аргентинецот во
неделата против Бетис имаше извонредна партија на која постигна хет-трик и
прекрасен лоб за кој долго време ќе се зборува. Дури и домашниоте фанови станаа
да му аплаудираат и да ја поздрават новата фудбалска магија.
Но од ова не беше
импресиониран новинарот Томас Ронсеро, кој е огромен фан на Реал Мадрид. Тој за
„Ел Чирингито“ жестоко удри по Лео Меси.
„Преку глава ми е
да слушам како луѓето велат дека Меси е најдобриот, ако беше најдобар ќе имаше
три титули од Лигата на шампионите во низа, наместо да испаѓа во четвртфинале.
На Светското првенство, во најважните мигови не стори ништо“ – вели Ронсеро.
Тој исто така
очекува Манчестер јунајтед да го добие двомечот со Барселона во четвртфиналето
од Лигата на шампионите и погнозира дека Лео Меси ќе изчезне на теренот против „ѓаволите“. Додава
дека Аргентинецот ќе се крие и ќе го остави тимот да биде елеминиран уште еднаш.