Аргентина во понеделник ќе му се спротивстави на Бразил за трофејот на Копа
Америка откако утрово „гаучосите“ на пенали ја добија Колумбија. За Лео Меси ќе
биде трета среќа откако напаѓачот загуби две финилиња на првенството на Јужна
Америка, и шанса за прв голем трофеј во националниот дрес.
Па не случјано Лео Меси игра со посебна инспирација и емоции, а тоа можеше
да се види и во пенал серијата против Колумбија.
Кога Јери Мина промаши од белата точка, напаѓачот почна да го провоцира
својот поранешен соиграч од Барселона и да му дофрлува, „Ајде, танцувај сега…
танцувај сега“.
Дефанзивецот има навика да танцува кога постигнува погодоци, а на овој
начин го прослави и голот од пенал против Уругвај во четвртфиналето.
This wasn’t even the winning penalty! Yerry Mina. pic.twitter.com/LWjZALqdPb
— Nick Coppack (@nickcoppack0) July 4, 2021