Меси ја предводеше Барса до победа против лутиот ривал Еспањол (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Барселона го доби
градското дерби со Еспањол, откако славеше со 2-0 на Камп Ноу, а двата гола ги
постигна Лионел Меси кој одигра одличен меч, а Аргентинецот денеска го надмина
Андрес Иниеста (674) по бројот на настапите во дресот на каталонскиот гигант,
со што го запиша својот 675 настап во дресот на тој клуб.

Еспањол успеваше
да се одбрани од налетите на домаќинот кој имаше целосна доминација во играта
се
до 71. минута, кога Меси
го постигна водечкиот гол за Барселона, за веќе во 89. минута Аргентинецот и да
ги постави конечните 2-0 од дербито на Камп Ноу арената која беше исполнета до
последно место.

Со оваа победа
Барселона сега има 69 бода, Каталонците имаат предност од 13 бода во однос на
второпласираниот Атлетико Мадрид кој вечерва гостува кај незгодниот Алавес.


×