Меси ја доби наградата „Лауреус“ за најдобар спортист во светот

by
2 минути читање

Меси на клупско ниво немаше некоја посебна сезона, но трофејот со аргентинската репрезентација му носи и индивидуални признанија. Едно од нив е „Лауреус“. Тој за оваа награда ги победи Килијан Мбапе, Рафел Надал, Макс Ферстапен, Стеф Кари и рекордерот во скок со стап, Арманд Дуплантис.

„Ви благодарам на сите за наградата. Задоволство е да се биде тука и да се добие оваа награда, но фудбалот е тимски спорт. Го исполнив својот најголем сон и го освоив Мундијалот. Во минатото имав многу среќни моменти со Барселона и многу тага со националниот тим, имаше многу пречки, но успеав да станам подобар и да го освојам трофејот“, кажа Меси.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани