Меси, Иниеста, Санчез… „дрим-тимот“ составен од играчи кои следното лето ќе чинат НУЛА евра

by
1 минути читање

За 100 дена, голем број на фудбалери ќе влезат во последните 6 месеци од своите договори и ќе добијат отворена врата да започнат преговори со други клубови.

Во моментов неколку звучни имиња влегуваат во оваа категорија и од нив може да се направи еден „дрим-тим“

Секако прв на списокот е Лео Меси. И покрај тоа што лидерите на Барса постојано убедуваат дека таткото на играчот ги потпишал документите, без потписот на самиот играч, договорот не е валиден.

На голот се наоѓа Џиџи Буфон, а пред него во одбраната е соиграчот од Јувентус и Италија, Џорџо Киелини, на кого друштво му прават Далеј Блинд од Манчестер јунатед и Хуанфран од Атлетико Мадрид.

Во централниот дел од средниот ред се наоѓаат Емре Џан од Ливерпул, Леон Гроецка од Шалке и Андрес Иниеста од Барселона.

Лео Меси го предводи нападот, а во офанзивата има место за Арјен Робен, Месут Озил и Алексис Санчез.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани