„Меси игра во селска лига… Аргентина со него е како со играч помалку!“

by bojan
2 минути читање

Легендарниот Уго Орландо Гати смета дека Лео Меси веќе не може да прави голема разлика на теренот, „гаучосите“ со него се како со играч помалку, и додава дека Кристијано Роналдо е многу подобар.

Лео Меси во Аргентина е Бог откако ги предводеше „гаучосите“ до триумф на мундијалот во Катар и ја донесе првата светска титула по пауза од 36 години.

Но не сите му се поклонуваат на напаѓачот, легендарниот Уго Гати во неколку наврати го има критикувано, а поранешниот голман сега повторно жестоко „удри“ по својот сонародник.

„Да, Лео Меси може да игра на Светското првенство во 2026, но Аргентина со него ќе биде како со играч помалку. Би рекол дека и во моментов Аргентина со него е како со играч помалку… тој игра во селска лига во САД“ – вели Уго Гати.

Кога новинарот му посочи дека и Роналдо не е во Европа, туку игра во Саудиска Арабија, тој одговори: „Да, но таму е многу потешко. Таму сите играат, таму се трча, те бркаат цело време, ќе те убијат. Кристијано можеби е лимитиран, но тој е феномен. И вака лимитиран е подобар од Меси. И лимитиран е бидејќи го нема талентот на Меси“.

„Но и покрај тоа играше во најдобрите тимови и на високо ниво во различни првенства. Каде играше Меси? Само во Барселона и репрезентацијата на Аргентина. Меси не сакаше да се испроба во други тимови, во други држави. А имаше прилики за тоа“.

Прашан зошто не го сака Меси, Гати вели: „Не го удираат доволно. Како што Ди Стефано обожаваше да каже, ако противникот ви дозволува да играте фудбал, ќе играте цел ден. Пеле, Ди Стефано и Марадона редовно јадеа ќотек на терените. Меси никој не го допира“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани