Селекторот на Грузија, Вили Сањол има многу пофални зборови за Ламин Јамал, вели дека убаво е да се види освежување со нови млади играчи откако Лео Меси и Кристијано Роналдо долги години доминираа на сцената.
Грузија го приреди едно од најголемите изненадувања на Европското првенство, ја совлада Португалија со 2-0 во последното коло од групната фаза и обезбеди осмина-финале, каде ќе игра против уште еден гигант, репрезентацијата на Шпанија.
„Против Шпанија, Португалија, против големи репрезентациии, кога сте Грузија, не можете да мислите само на одбрана, кога тогаш, ќе примите гол“ – вели селекторот на Грузија, Вили Сањол.
„Па нема само да се браниме, исто како и против Португалија, ќе и покажеме на Шпанија дека знаеме да играме. Имавме одлични периоди на посед против Португалија, па се надевам дека и утре ќе го повториме истото“.
„Не може на фудбалерите секој ден со недели да им кажувате, „Играјте слободно, превземете ризик, не калкулирајте“ и сега да им кажувам нешто сосема различно“.
„Придодавам важност на нашата дефанзивна стратегија и дисциплина, но кога играчите ја имаат топката, знаат дека можат да направат се што ќе посакаат. Фудбалот не е математика, ниту пак шаховска игра, треба да играте малку и на осет“.
Вили Сањол потоа ги пофали Нико Вилијамс и Ламин Јамал.
„Играат фантастично во последно време, нивниот прогрес е брилијантен. Убаво е да се види кога млади фудбалери играат на врвно ниво. Оособено Јамал, кој има само 16 години. Се обидувам да се присетам каде бев јас на 16 години, и можам да кажам дека бев километри далеку“.
„Убаво е да се види ваква свежина. Проблем е тоа што во последниве 15 години, Меси и Роналдо доминираа, како да имаше пинг-понг натпревар помеѓу нив двајцата“.
„Па навистина ми е мило кога ќе видам млади играчи на ова ова ниво, ова е добро за целиот фудбал“.
Обложувај се онлајн на натпреварите од ЕП на Моцарт и добиј бонус до 400 евра, регистрирај се ТУКА.