Меси и Нејмар ја сакаат младата ѕвезда на Тотенхем на Камп Ноу, првата понуда на Барса е смешна

by
1 минути читање

Марко Верати беше
на врвот на листата со желби на Барселона за засилување на средниот ред, но ПСЖ
нема намера да го продаде Италијанецот.

Па Барса треба да
се насочи кон други цели, и една од нив е репрезентативецот на Бразил, Паулињо.

Веќе беа
доставени две понуди, но Гуангжу Евергранде категорично порача дека играчот не
е на продажба.

Медиумите од
Шпанија сега шекулираат со името на Деле Али, наводно Лео Меси и Нејмар сакале
да го видат фудбалерот на Тотенхем на Камп Ноу.

Се шпекулира дека
Барселона веќе доставиле понуда вредна 45 милиони евра.

Но „Спарси“
сигурно ќе го одбијат овој предлог без двоумење, 21 годишниот Англичанец важи
за еден од најперспективните играчи на стариот континент и тој не е на
продажба.

Барса ќе мора
малку подлабоко да бркне во џебот доколку сака да го подзамисли Тотенхем.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани