Барселона е во потрага на ново звучно име во нападот откако Нејмар оваа недела си замина од Камп Ноу и направи рекорден трансфер во ПСЖ вреден 222 милиони евра.
Една од желбите е Пауло Дибала, се говори дека Лео Меси бара неговиот сонародник да пристигне во Баселона.
Според Кориере дело Спорт, Барселона до Јувентус доставила понуда вредна 120 милиони евра.
„Каталонците“ исто така на шампионот на Италија му дале можност да бира и од опцијата 90 милиони евра плус Андрес Иниеста, кој ова лето веќе се поврзуваше со „Старата Дама“.
Според пишувањата на Газета дело Спорт, понудата на Барса е 120 милиони евра но таа може да се искачи до 140 милиони преку најразлични бонуси.
И според Газета, „Каталонците“ доставиле алтернативен предлог, односно пари плус Андре Гомеш и Рафиња.
Двата весника исто така пишуваат дека Јувентус во овој момент одолева на понудите и намерата на „Бјанконерите“ е да го задржат Пауло Дибала.
Но тоа може да се промени доколку самиот играч побара да биде продаден.