„Меси го прави фудбалот полесен за игра“

by
1 минути читање

Офанзивецот на
Барселона, Осман Дембеле ужива играјќи во друштво на петкратниот освојувач на
Златната топка, Лионел Меси, како тимски соиграч во тимот од Камп Ноу, а за
аргентинската ѕвезда тој вели дека го прави фудбалот полесен за игра на теренот.

21 годишниот
Дембеле има далеку подобра форма во втората половина од актуелната сезона во
Барса, а за клупскиот официјален сајт посочи какви се бенефитите да имате
соиграч од типот на Меси.

Одлично е, тој
го прави фудбалот полесен за игра, само ќе му ја додадам топката и тој ќе
направи неверојатни работи со неа. Кога тој е на теренот, лесно е да сте
напаѓач во таа екипа, бидејќи ривалите главно се фокусираат на него
“ посочи
младиот Французин.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×