Интер Мајами со 3-1 го победи Орландо Сити и се пласираше во финалето од Лига Купот, херој во победата беше Лео Меси кој даде два од трите гола.
Интер Мајами ќе се бори за трофејот во Лига Купот, натпреварување во кое покрај клубови од САД и Канада има и од Мексико.
Орландо поведе на вчерашниот меч во самиот финиш од првото полувреме со гол на Пашалиќ.
Предноста на гостите траеше до 77. минута кога се случи и клучниот момент. Домаќините добија пенал, а Брекало заработи црвен картон. Меси реализираше од белата точка и израмни на 1-1, Орландо продолжи со фудбалер помалку.
Во 88. минута по една убава акција Меси постигна гол за комплетен пресврт и водство на Интер Мајами од 2-1.
Конечните 3-1 ги постигна Шеговија во 91. минута по едно еден-два додавање со Суарез.
Интер Мајами за трофејот од ова натпреварување ќе се бори против Сиетл Саундерс кој со 2-0 го совладаа Лос Анџелес Галакси.