Меси го нема меѓу најдобрите тројца за наградата на УЕФА за фудбалер на сезоната!

by
1 минути читање

Лука Модриќ, Кристијано Роналдо и Мухамед Салах се номинирани за наградата најдобар фудбалер според УЕФА за сезоната 2017/2018.

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси не е меѓу најдобрите тројца фудбалери во Европа.

Победникот ќе биде познат на свечена церемонија кога ќе се извлекуваат групите за новата сезона во Лигата на шампионите, во Монако на 30. август.

Интересно е тоа што Лео Меси не е ниту на четвртото место. УЕФА ја објави табелата на играчите кои не влегоа во изборот на тројца фудбалери.

4. Антоан Грзиаман – 72 поени

5. Лионел Меси – 55 поени

6. Килијан Мбапе – 43 поени

7. Кевин Де Брујн – 28 поени

8. Рафаел Варан – 23 поени

9. Еден Азар 15 поени

10. Серхио Рамос – 12 поени

Изборот се прави врз база на гласови од 80 тренери на екипите го учествуваат во групната фаза од Лигата на шампионите и Лига Европа заедно со 55 новинари селектирани од Европската спортска медиа група.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×