Многумина и
покрај минималниот пораз во првата пресметка на домашен терен, не се осудија да
го отпишат Манчестер јунајтед во пресрет на реваншот на гости кај Барселона, со оглед на сензацијата претходно против ПСЖ, меѓутоа многу работи зависеа од неверојатниот Меси.
Првата ѕвезда на
Каталонците синоќа брилјираше во дуелот со Црвените ѓаволи, постигнувајќи два
од трите гола за својата екипа и на вистински начин покажа дека е речиси
невозможно да се сопре кога тој е расположен за игра.
Веројатно тоа
најдобро на своја кожа го почувствува Фил Џоунс, кој во неколку прилики на
пресметката на Камп Ноу беше посрамотен од Аргентинецот, а многумина на шега
велат дека го испратил во пензија, има зошто…
class="twitter-tweet" data-lang="en">