Меси го доби најголемото одличје, но не се појави на доделувањето и ги налути Американците

by 24 фудбал
1 минути читање

Лионел Меси доби „Претседателски медал на слободата“, признание кое се смета за највисоко цивилно одликување во Соединетите Американски Држави.

Сепак, Аргентинецот не се појави на доделувањето на овие медали. Од неговиот табор пристигна порака дека Меси е почестен, ама играчот има претходно договорени и неодложни обврски.

Овој потег на Лео Меси ги налути Американците. Според нив е непочитување кон државната администрација и самата нација да не се појавиш на доделувањето на ова признание. На адреса на Меси имаше и јавни критики од јавни личности.

Беше смешно и чудно признанието да го добие Меси. Сепак, ако веќе ти го доделиле, тогаш најди начин да бидеш во Вашингтон“, порача поранешниот американски репрезентативец Алекси Лалас.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани