Аргентинецот даде
долго интервју за радио мрежата Клуб 94,7 ФМ, говореше на многу теми, и беше
запрашан за тоа кои се најдобрите фудбалери на денешницата според Лео.
„Мбапе, Нејмар,
Азар, Луис Суарез и Кун Агуеро“ – беше одговорот на фудбалерот на Барселона.
Но пред некој да
праша каде е Кристијано Роналдо, ова не беше навреда за неговиот голем
ривал, Лео објасни дека тој и ЦР7 се скалило пред другите.
Лео Меси потоа изрази жалење што Кристијано Роналдо повеќе не е дел од Реал Мадрид и Ла
Лига.
„Беше убаво да се
игра против Кристијано и покрај тоа што беше тешко. Уживав во освојувањето на
титулите кога тој беше во Мадрид, но и болеше кога гледав како тој ги крева
трофеите. Би било убаво доколку се уште беше тука“.
Тој исто така
смета дека Јувентус сега е многу посилен тим со ЦР7 во тимот.
„Имам голема почит кон Јувентус, и мислам дека се многу силен тим со навистиан
добри играчи… а со доаѓањето на Кристијано Роналдо, станаа уште посилни. Испратија силна порака со победата на Атлетико“.
Биди модерен,
обложувај се онлајн, играј на БетАдриа и добиј до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит,
регистрирај се ТУКА.