85
Дербито на 13.
коло во Примера на Местаља заврши без победник, Родриго го отвори резултатот по
еден час игра а Алба во 82. минута донесе 1-1.
Сепак, средбата
ќе имаше сосема поинаков тек доколку судиите не направеа голем превид во
првиот дел.
Во 29. минута од натпреварот тие некако не успеаја да видат дека топката заврши зад гол линијата по
ударот на Лео Меси и киксот на голманот Нето.
Па разбирливо
Аргентинецот имаше што да му каже на Виљануева и неговиот помошник по финишот
на средбата.
Камерите го уловија
Лео Меси како една минута се објаснува со судиите, а откако тие останаа глуви
на неговите замерки, тој на крајот сликовито им покажа колку топката била зад
гол линијата и се упати кон соблекувалната.