Барселона вечерва
одново ги совлада „ѓаволите“, овој пат пред своите фанови со убедливи 3-0.
Сепак, мечот можеше да има сосема поинаков тек откако во воведните 120 секунди
гостите ја погодија рамката од голот и имаа уште една 100% шанса.
„Во првите пет
минути одигравме лошо и бевме малку нервозни. Не знам дали резултатот од првиот
меч ни влијаеше, но не смееме вака да отвориме ниту еден меч од Лигата на
шампионите. Го имаме искуството од дуелот со Рома минатата сезона, знаеме дека
пет или десет лоши минути во Лигата на шампионите ќе ви го закомпликуваат
животот или пак ќе ве елиминираат“ – вели Аргентинецот.
„Најважно е тоа
што сме помеѓу четирите најдобри и по три години ќе играме полуфинале. Среќем
сум со победата, и начинот на кој го сторивме тоа. Одигравме спектакуларен
фудбал“.
Запрашан за
следниот противник, Порто или Ливерпул тој одговори: „Мораме да бидеме свесни дека
ќе не чекаат тешки натпревари без разлика со кого ќе играме, дали тоа ќе биде
Ливерпул или Порто“.
„Она што го
направи Ајакс доволно говори. Секој тим е опасен. Во полуфинале се оние кои
заслужиле, најдобрите“.