УЕФА го прогласи Ван Дајк за најдобар фудбалер, но според ФИФА тоа е Лео Меси.
Аргентинскиот фудбалер ја доби наградата „Д Бест“ за најдобар играч во 2019.
Меси во битката за оваа награда ги победи Вирџил ван Дајк и Кристијано Роналдо.
Тој ја предводеше Барселона до титула во Примера, а ја освои и Златната Копачка. Со Аргентина го освои третото место на Копа Америка.
„Сакам да им се заблагодарам на сите кои одлучија дека јас треба да ја добијам оваа награда. За мене индивидуалните награди се нешто второсепено, на прво место е колективот. Но денеска е посебен ден за мене, мојата сопруга и моите деца седат тука, и за прв пат се тука. Тијаго има дојдено на гала, но беше многу мал, и да ги гледам како уживаат вечерва тука за мене е бесценето. Тие се двајца фанови на фудбалот и да ги гледаат сите овие фудбалери покрај нив е фантастичен ден“, изјави Меси.
Кристијано Роналдо не се појави на денешната церемонија во Милано.
Ова е прва награда „Д Бест“ за Лео Меси, во претходните три изданија два пати победи Кристијано Роналдо, еднаш Лука Модриќ.