Меси доби повик за бокс меч, а одговори – неговиот телохоранител!

by Стефан
1 минути читање

Јасин Чеуко, фитнес тренер и поранешен боксер аматер кој се прослави со улогата телхоранител на Меси го предизвика Логан Паул на бокс меч.

Неодамна дојде до спор помеѓу Меси и Пол поради нивните енергетски пријалоци „Прајм“ и „Мас+“.

Двете страни поднесоа тужба една против друга, а Пол предложи спорот да го реши со борба во ригнгот и го предизвика Меси. Телхоранителнот на Аргентинецот, кој е и поранешен морнарски спејцијалец брзо се вклучи во целата ситуација и го прифати предизвикот место Меси.

„Слушај Логан, го правам ова видео затоа што многу луѓе ме запираат на улица, но и добивам многу пораки и коментари на Инстаграм за оваа борба. Сега не можеме да се вратиме. Мораме тоа да го направме за луѓето. Ајде“, порача Чеуко.

Пол потоа се согласи на борба со Чеуко предложувајќи во случај на пораз Чуеко да мора јавно га го испие неговиот пијалок „Прајм“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани