Меси доби награда и специјална порака од Барселона, не издржа и заплака! (ВИДЕО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Лионел Меси уште еднаш покажа колку силно е поврзан со Барселона. Аргентинецот доби посебна награда и се расплака додека гледаше видео пораки од навивачите, во момент што повторно ја отвори неговата длабока врска со клубот во кој порасна.

Аргентинецот пристигна во Каталонија на 12 години и никогаш не ја криеше љубовта кон Барселона. Синоќа прими специјална награда што му ја доделија луѓето од клубот за начинот на кој се однесуваше и на теренот и надвор од него. Директорот на шпанскиот Спорт допатува во Мајами за лично да му ја врачи наградата, а токму тогаш Меси беше изненаден со емотивно видео составено од пораки од навивачите.

Во моментите додека ги слушаше и гледаше пораките, Меси не можеше да ги задржи солзите. Аргентинецот искрено проговори за тоа што му значи Барселона.

Вистина е, поминавме низ толку многу заедно, и добри и не толку добри моменти. Нормално е дека за време на кариерата, не е се убаво и дека поминувате низ тешки моменти. Но, добро, тоа е мојот дом, моето место, моите луѓе. Би сакал целата кариера да ја поминев таму, да не морав да одам во друг клуб. И да играв само таму, во Европа“, рече Меси.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×