Првата ѕвезда на
Барселона, како и на селекцијата на Аргентина, Лионел Меси имаше доминантна
сезона во Шпанија со својата екипа, освојувајќи ја титулата во првенството,
како и купот, но, осамна поголем успех во Лигата на шампионите откако
Каталонците беа елиминирани уште во четвртфиналето, и тоа од Рома.
Меси вели дека би
ги заменил освоените титули за трофејот од Светското првенство во Русија кое се
одржува идниот месец, а ќе потсетиме дека Аргентина се помачи да стигне до
место на тоа големо фудбалско натпреварување.
„Би ги заменил
титулите со Барселона за трофејот од Светското првенство. Да се освои
Мундијалот со Аргентина би било нешто единствено за мене. Верувам во мојот тим,
работиме напорно и имаме играчи со голем капацитет и искуство“ рече Меси.
Аргентина во
конкуренцијата „Д“ од групите на Мундијалот е заедно со Хрватска, Исланд и
Нигерија, а Гаучосите Мундијалот го отвораат со дуелот против Исланд предвиден
да се одигра на 16 јуни.