Меси го игра последното свое Светско првенство, Мундијалот во Катар му е последната шанса да дојде до најголемиот фудбалски трофеј.
Аргентина има долга серија без пораз и според обложувалниците тие се втор фаворит за освојување на Светското првенство, но Меси не мисли така.
„Секогаш кога зборуваме за тоа кој е фаворит за титулата, зборуваме за исти селекции. Ако сега треба да набројам некои над останатите, вклучително и над Аргентина, тоа се три селекции, Бразил, Франција и Англија“, вели Меси.
„Ние не сме фаворити, ама сме полни со надеж бидејќи имаме многу добар тим кој е многу мотивиран. Но треба да одиме чекор по чекор. Сепак, сите знаеме дека на Светско првенство ниту групите не се лесни. Тоа е многу тешко и комплицирано првенство и се може да се случи“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.