Откако синоќа
Кристијано Роналдо се огласи на социјалните мрежи и испрати апел до сите да се
придржуваат до совеветите на Светската здравствена организација и насоките на
владите во борбата со коронавирусот, вечерва истото го стори и Лео Меси.
Аргентинецот
испрати поддршка до луѓето кои се погодени од заразата, и побара сите да се
однесуваат одговорно и да останат дома за да се спречи ширењето на Ковид 19.
„Ова се
комплицирани денови за целиот свет. Загрижени сме за она што се случува и
сакаме да помогнеме, да се ставиме себеси на местото на оние кои минуваат низ
најлошото, луѓето кои се директно погодени, или пак нивните семејства и
пријатели се погодени, или пак луѓето кои се борат на првите линии во болниците
и центрите за задравје. Сакам да им ја испратам целата сила. Здравјето е
најважно. Ова е се исклучителни моменти и мора да ги следиме насоките од
здравствените организации и властите. Само така можеме да се бориме на
ефективен начин. Време е да бидеме одговорни и да останеме дома. Исто така може да
ги искористиме овие моменти за да уживаме крај семејството, не секогаш имаме
таква прилика. Се надевам дека што
поскоро ќе се справиме со ситуацијата“ – гласеше пораката на ѕвездата на Барселона на
Инстаграм.