Офанзивецот на
Наполи, 33 годишниот Дрис
Мертенс наводно побарал совети од својот сонародник Ромелу Лукаку околу
потрагата по живеалиште во Милано, објави „Тутоспорт“.
Мертенс
претстојново лето ќе биде слободен играч на трансфер пазарот, од причина што неговиот
актуелен договор со Наполи истекува, а очекувањата дека ќе стави потпис на
договор со Интер се големи.
Челси исто така
долго време пријавуваше интерес за искусниот Белгиец, меѓутоа сега се верува
дека тој и дефинитивно останува во Италија, а наводно веќе донел одлука да се
пресели во редовите на „Нероаѕурите“.
Според пишувањата
на „Тутоспорт“, освен што Мертенс и Лукаку би можеле да бидат соиграчи, исто
така би можеле да бидат и соседи, Лукаку е инаку сосед со Лаутаро Мартинез.