Мертенс ќе стави потпис на нов договор со Наполи, но ќе добие смешна откупна клаузула

by
1 минути читање

Белгијанецот оваа
сезона ја доби улогата на „лажна деветка“ и одлично се снајде на новата
позиција постигнувајќи 28 погодоци во сите натпреварувања.

Наполи сака да го
награди Дрис Мертенс со нов договор, но преговорите тапкаат во место.

Се верува дека
сопругата на играчот не е задоволна од животот во Неапол и го притиска играчот да ја промени средината.

Според Radio
Crc, 29 годишниот Дрис Мертенс и
Наполи конечно успеале да си подадат рака за нов договор и годишна плата од 4,5 милиони
евра.

Сепак, ова не
значи дека играчот уште долго ќе остане на Сан Паоло, во новиот договор ќе има
откупна клаузула од само 25 милиони евра.

И покрај тоа што
клаузулата нема да важи за тимовите од Италија, ова е прилично смешна сума за
голем број клубови ширум Европа, особено оние од Премиерлигата.

Манчестер
јунајтед се посочуваше како клубот кој пројавува сериозен интерес, и за
„Црвените Ѓаволи“ сигурно 25 милиони евра нема да преставуваат проблем.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×