Меркел даде зелено светло, во игра се два датуми за ре-старт на сезоната во Бундеслигата

by
1 минути читање

Изминатиов период
имаше многу гласини за тоа кога ќе продолжат фудбалските возбудувања во Германија,
најпрво се говореше дека топката ќе почне да се тркала на 9. мај, за потоа ре-стартот
да се помести на 15. мај.

Денеска, канцеларката
Ангела Меркел имаше состанок со премиерите на кои се дискутираше за олабувањето
на мерките, и во текот на денот се појавија конфликт информации. Едни извори
велеа дека клубовите најпрво ќе треба да одат во двонеделен карантин пред да
започне сезоната па беше најавено ново одложување (22. мај или 29. мај). Други
извори пак велеа дека карантинот ќе трае една недела, со што се отвара простор
за ре-старт на 15. мај.

Ангела Меркел
попладнево соопшти дека Бундеслигата добила зелено светло за продолжување на
сезоната, но не откри точен датум и пренесе само дека тоа ќе се случи во
втората половина на мај.

Па сега ДФЛ утре
ќе има состанок со клубовите на кои ќе се прецизира датумот. Според Спорт1, ДФЛ
преферира сезоната да почне на 15. мај за да има доволно време, без пренатрупан
распоред за крај на сезоната.

Втора опција е
сезоната да продолжи на 22. мај.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×