Голманот на Франција, Мајк Мењан држел лекции во соблекувалната по поразот од Италија на стартот од новата сезона во Лигата на нации и им замерил на соиграчите за пристапот на теренот.
„Триколорите“ во петокот ја пречекаа Италија, поведоа по само 14 секунди, но на крајот загубија со 1-3.
Како што пренесува „Л’Екип“, Мајк Мењан држел лекции во соблекувалната по последниот свиреж на судијата.
Голманот им замерил на соиграчите за пристапот на теренот, и особено го вперил прстот кон Мбапе и Гризман, сметал дека тие повеќе се трудат за своите клубови отколку за репрезентацијата.
Мајк Мењан исто така им објаснил на соиграчите дека само двајца Италијани можат да бидат стартери во Франција, но затоа сите во таборот на „аѕурите“ покажале желба и агресивност, и поради тоа стигнале до победа.
Неговиот говор траел околу 2 минути, никој не се осмелил да му одговори, ниту Мбапе, ниту Гризман.