Менхенгладбах ја освои Фиренца, Тотенхем немоќен против Гент (ВИДЕО)

by
3 минути читање

„Виолетовите“
имаат победа од 0-1 од првиот натпревар, а и одлично го започнаа вечерашниот
дуел.

Со головите на Калиниќ и Валеро, Фиорентина имаше предност од 2-0 по половина
час игра.

Сепак, потоа на
сцена стапи Штиндл, кој постигна хет-трик за десет минути.

Капитенот на
гостите најпрво од пенал во 44. минута намали на 2-1, потоа на стартот од
вториот дел погоди за 2-2, за во 55. минута да донесе предност на Борусија
Менхенгладбах од 2-3.

Кристенсен со гол
во 60. минута ги реши сите дилеми околу исходот на средбата и патникот во
следната рунда.

Тотенехм се
збогува од Лига Европа откако вечерва пред своите фанови одигра само 2-2.

Ериксен погоди во
10. минута и ја анулираше предноста на Гент од првиот натпревар, но Кејн со автогол во 20. минута драстично ја отежна работата.

Потоа следуваше
нов пех за домаќините, Деле Али поцрвене пред финишот на првиот дел.

Но и со играч
помалку Ванјама постигна гол за 2-1 во 61. минута и ја врати надежта кај
Тотенхем.

Сепак, Пербет во
82. минута изедначи на 2-2 и стави крај на настапот на „Спарси“ во Европа. 

Резултати
шеснаесетфинале Лига Европа:

Тотенхем – Гент 2:2
Спарта Прага – Ростов 1:1
Лион – АЗ Алкмар 7:1
Генк – Астра 1:0
Фиорентина – Борусија Менхенгладбах 2:4
Копенхаген – Лудогорец 0:0
Зенит – Андерлехт 3:1
Бешикташ – Хапоел Бер Шева 2:1
Рома – Виљареал 0:1
АПОЕЛ – Атлетик Билбао 2:0
Ајакс – Легија 1:0
Османлиспор – Олимпијакос 0:3

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани