Менез го „почасти“ Јаховиќ гол, Македонецот потоа и по втор пат ја „начна“ Анталијаспор (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Репрезентативецот
на „Црвено-жолтите“ игра во страшна голгетерска форма и смета дека неправедно
не добива шанса од селекторот Игор Ангеловски

Попладнево Адис
Јаховиќ уште еднаш покажа дека е расположен за голови и против Анталијаспор ја
тресеше мрежата во два наврати за 20 минути.

Најпрво Жереми
Менес го „почасти“ со гол. Поранешниот играч на Рома и Милан лошо врати една
топка назад, Јаховиќ се најде осамен пред голманот на домаќините и рутински
биеше за 0-1.

Македонецот потоа
погоди во 19. минута од слободен удар, неговиот шут се одби од живиот ѕид и го
измами голманот на Анталијаспор.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани