Менди во чудење, Марез откри дека клучен играч на „граѓаните“ идното лето дефинитивно си заминува (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Ријад Марез
можеби обелодени една важна вест околу иднината на својот соиграч од составот
на Манчестер Сити, 34 годишниот Фернандињо кој е од голема корист на својот
тренер Пеп Гвардиола во турбулентниот период со повредени играчи, особено во
дефанзивната линија.

По шест години
минати во дресот на „Граѓаните“, како и 200 настапи во составот на актуелниот
англиски првак, искусниот Бразилец влезе во финалната година од својот актуелен
договор со Манчестер Сити, а нема никакви сигнали дека ќе остане во тој клуб.

Гостувајќи на „Скај
Спортс“, Марез веднаш без никакво размислување прв го притисна копчето во
квизот за да одговори пред својот соиграч Бенџамин Менди, кој инаку имаше една
доста интересна реакција и гестикулација по одговорот на Марез.

Кои открија во
летото дека ова ќе биде нивната последна сезона во Манчестер Сити?
“ беше прашањето
до двоецот од Манчестер Сити, а Марез брзо одговори.

Давид (Силва) и
Фернандињо
“ одговори Алжирецот, по што следеше и една интересна реакција од
Менди кој веројатно не веруваше дека неговиот соиграч откри една „тајна“ од
соблекувалната на Манчестер Сити.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×