181
Се верува дека роднина на Менди страдал од респираторни проблеми и денеска бил однесен во болница.
Поради тоа и Менди е тестиран за коронавирус и во моментов е изолиран во својот дом каде ги чека резултатите.
„Клубот е свесен дека член на фамилијата на наш фудбалер е во болница со симптоми на респираторна болест. Нашит фудбалер имаше тестови во болницата, а еден од нив е и за коронавирус. Додека се чекаат резултатите, фудбалерот е во самоизолација како превенција“, се вели во соопштението на Манчестер Сити.
Ако Менди биде позитивен на тест за коронавирус, тоа значи дека и цел Манчестер Сити ќе треба да оди во карантин.