„Кралевите“ очигледно немаат ништо против тоа што Жорж Мендеш среди првата ѕвезда Кристијано Роналдо по девет години во Мадрид да го напушти клубот ова лето. Флорентино Перез со суперагентот веќе работи на нова зделка.
Добро упатениот новинар од Италија, Џанлука Ди Марцио вели дека Реал подготвува понуда од 100 милиони евра за Сергеј Милинковиќ Савиќ од Лацио.
Според трансфер гуруто на Скај Италија, Жорж Мендеш сега крои стратегија како да го убеди претседателот на „Бјанкочелестите“, Клаудио Лотито да се раздели со својот бисер.
Србинот е желба на неколку клубови, минатото лето првиот човек на Лацио одби богата понуда, и неодамна порача дека 100 милиони евра нема да бидат доволни за трансфер на СМС.
Покрај Реал Мадрид, за Србинот интерес пројавуваат и Манчестер јунајтед, ПСЖ, Барселона и Јувентус, па Клаудио Лотито се надева дека гигантите ќе започнат аукција и крајната цена ќе стигне до 150 милиони евра.