По одличниот настап на Европското првенство на Ламин Јамал, агентот Жорж Мендеш веднаш му се јавил на Жоан Лапорта и побарал Барселона да направи корекција на платата на неговиот клиент.
Ламин Јамал беше еден од играчите кои блеснаа на континенталниот собир во Германија, ѕвездата на Барселона испиша историја и стана најмладиот играч со настап на Европско првенство, најмладиот асистент и најмладиот стрелец.
И додека „каталонците“ се гордеат на неговите успеси, агентот Жорж Меденш не чекаше многу за да побара поголема плата.
Весникот Спорт објави дека Жорж Мендеш стапил во контакт со Жоан Лапорта и побарал корекција на примањата на Ламин Јамал и плата која ќе биде во согласност со новиот статус на 17 годишното момче.
Тој исто така потсетил и на ситуацијата со Лео Меси, договорот на Аргентинецот дури 5 пати беше корегиран пред тој да наполни 22 години.
Барселона е во лоша финансиска ситуација, но Жоан Лапорта ветил дека ќе стори се што може за да изнајде решение кои ќе одговара на сите страни.
Ламин Јамал е обврзан кон Барселона до 2026, но постои и приватен договор според кој соработката ќе биде продолжена до 2030 година кога фудбалерот ќе наполни 18 години.