Поради суспензија, Деле Али не беше дел од синоќешниот натпревар против Борусија Дортмунд кој Тотенхем го доби со 3-1, но е еден од главните во денешните изданија на англиските медиуми.
Според „Тајмс“, Тоа е фудбалерот за кој се борат двајцата најдобри агенти, Жорж Мендеш и Мино Рајола.
„Жорж Мендеш и Мино Рајола се вклучија во трката по Али и покрај тоа што претходно покажуваа мал интерес за англиски фудбалери. Тие веќе стапиле во контакт со неговата фамилија“ – пишува англискиот весник.
Медиумите прогнозираат дека доколку Али стане клиент на Мендеш или Рајола, следната сезона може да заигра за Реал Мадрид или Барселона и покрај тоа што има пет годишен договор со Тотенхем.
Деле Али во минатата сезона беше фантастичен, го доби признанието за најдобар млад фудбалер во Премиерлигата.