Мендеш го нуди Ансу Фати на клубови, Барса ќе го продаде само под еден услов

by
1 минути читање

Ансу Фати требаше
да биде следната голема ѕвезда на Барселона, но повредите го забавија прогресот
на напаѓачот. Дури и сега кога е здрав, Шпанецот има ограничена минутажа, Чави
преферира други решенија во нападот.

Вакваа ситуација
може да придонесе за трансфер на Ансу Фати, неговиот агент Жорж Мендеш опипува
терен и го нуди напаѓачот на клубови, помеѓу кои и Манчестер јунајтед.

Но како што
пишува Спорт, Барселона во моментот не помислува за продажба на Ансу Фати.

Сепак, работите
ќе се променат под еден услов, односно доколку самиот играч побара да го
напушти Камп Ноу. Во тој случај, „каталонците“ ќе седнат на маса и ќе се обидат
да издејствуваат поволна зделка со која ќе ја подобри финансиската ситуација.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани