Мењан и Хименез се судрија и ги исплашија сите, голманот беше изнесен на носилки! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

На натпреварот меѓу Удинезе и Милан се случи страшен судир меѓу соиграчите Мајк Мењан и Алекс Хименез од кој подебелиот крај го извлече голманот на росонерите.

Течеше 55. минута кога Мењан го напушти голот и истрча да интервенира, но се суди со соиграчот Хименез.

По судирот двајцата останаа да лежат, но полошо помина голманот кој по интервенција на лекарите беше изнесен и на носилки.

Милан веднаш излезе со соопштение дека голманот е свесен, во добра состојба и е однесен во болница.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани