Мело одговори на нападите од Кјелини: Лесно е да се прави опасен во книга, тој беше кукавица, ќе се помочаше…

by
1 минути читање

Џорџо Кјелини
објави книга во која има особени замерки за Марио Балотели и Фелипе Мело. За Италијанецот
вели дека е негативна личчност која „плачела“ за шлаканица, додека пак
Бразилецот го опиша како најлош од најлошите, и секогаш може да се влезе во
тепачка со фудбалерот од средниот ред.

Во разговор со
Газета дело Спорт, Фелипе Мело реши да одговори на нападите, вели дека никогаш
не покажал непочитување кон соиграчите, директорите и Јувентус, и додава дека
дефанзивецот бил и останал кукавица.

„Би сакал да знам
за кој инцидент зборува. Кога бев во Торино, во ниту еден момент не сум покажал
непочитување, ниту кон соиграчите, ниту кон директорите, ниту кон Јувентус во
глобала. Но од овој момент, немам почит за Џорџо Кјелини“
– изјави Бразилецот.

„Вели дека Балотели
„плачел“ за шлаканица а јас сум бил најлош од најлошите и во секој момент сум
можел да направам тепачка? Видете, тој беше кукавица, ќе се помочаше… Лесно е
да с
e правите опасен во книга“.

„Веројатно „овој
дефанзивец“ се уште е гневен на мене бидејќи кога бев во Галатасарај, му
удривме „шлаканица“ на Јувентус кога го елиминиравме од Лигата на шампиони. Или поради тоа што Интер освои се, а јас сум Интериста. Можеби пак е огорчен
поради тоа што со Бразил ја победивме Италија со 3-0 во Купот на Конфедерации
во 2009 и потоа станавме шампиони, а тој нема освоено ништо со Италија“.

„Но ајде да
престанам тука, одредени работи треба да останат во соблекувалната“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×