Мело и Пуиг за момент ги збунија фановите со еден „лајк“, а потоа ги решија сите дилеми (ФОТО)

by
1 минути читање

Артур Мело и Рики
Пуиг имаа изненадувачка реакција на социјалните мрежи по веста која осамна низ
медиумите, а истата беше и потврдена од Барселона, за отказот на Ернесто
Валверде.

По две ипол
години Валверде се раздели со Барселона, на негово место дојде Кике Сетиен, а
Артур и Пуиг беа помеѓу многуте од два милиони корисници на социјалната мрежа „Инстаграм“
на кои им се  допадна објавата на Барселона.

Со тоа, обајцата донесоа збунетост кај фановите на Барселона, кои за момент се запрашаа дали постоела желба кај нив за вакво сценарио, меѓутоа подоцна на социјалните мрежи дуото ги реши сите дилеми по тоа прашање.

Како и да е,
Артур, а воедно и Пуиг веднаш потоа испратија збогувачки пораки за Валверде со
еден вид на поддршка до својот довчерашен тренер, со што ги решија сите дилеми
околу нивниот потег на социјалните мрежи.

Би сакал да ја
искористам приликава да му се заблагодарам на Ернесто Валверде за тоа што
направи да се почуствувам добредојден во клубот, тој беше клучен во мојата
адаптација
“ напиша Мело на социјалните мрежи, а Бразилецот запиша 56 настапи
под кормилото на Валверде по трансферот од Гремио пред две години.

Со тебе го
забележав моето деби, израснав и научив многу во првиот тим, ти благодарам
многу, ти посакувам среќа во иднина, Ернесто
“ напиша членот на „Б“ тимот на
Каталонците, Пуиг.

Ќе потсетиме дека
Меси јавно застана со поддршка за својот довчерашен тренер, а тоа го стори и
неговиот добар пријател Луис Суарез.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×