Мелиќи: Мора да сме претпазливи, второлигаши знаат да исфрлаат прволигаши во Куп-дуелите

by 24 фудбал
1 минути читање

Шкендија имаше добар старт на втората полусезона, ги совлада Вардар и Силекс за да ја преземе водечката позиција во ПМФЛ.

Сега на тетовчани им следи дуел од Купот на Македонија против Детонит Плачковица. Иако на хартија делува дека имаат најлесен ривал, Енес Мелиќи повика на претпазливост пред овој дуел.

По две многу важни победи, веќе сме на првото место. Атмосферата во тимот е многу добра, позитивна и со добар спирит ги очекуваме следните предизвици. Фокусот ни е на Куп дуелот против Детонит. Шкендија е голем клуб и амбициите се највисоки. Главната цел останува трофејот во првенството, ама исто така целиме високо и во Купот. Имаме почит за Детонит Плачковица, ќе влеземе во мечот сериозно и верувам дека ќе минеме во следната рунда. Го анализиравме ривалот, иако доаѓаат од втората лига мора да бидеме максимално фокусирани. Гледаме низ Европа редовно како второлигаши исфрлаат прволигаши во Куповите“, изјави Мелиќи.

Сите четири дуели од Купот се играат во терминот од 14:00 часот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани