Шкотска обезбеди пласман на Светското првенство 2026 со победата над Данска од 4-2, но вистинската атракција на мечот беше голот на Скот МекТоминеј. Погодокот веднаш стана глобална тема и за кратко време го преплави фудбалскиот свет.
Според официјалните мерења, МекТоминеј ја зафати топката на неверојатни 2,53 метри при изведбата на „ножички“. Тоа е значително повисоко од легендарниот гол на Кристијано Роналдо против Јувентус во 2018 година, кога Португалецот ја погоди топката на 2,38 метри.
Англиските медиуми го истакнаа неговиот погодок како нов неофицијален рекорд за највисоко изведени „ножички“ во современиот фудбал.