Мектоминеј сака назад во Премиерлигата, шокантен кам-бек во Манчестер јунајтед или потпис со луд ривал?!

by bojan
1 минути читање

Медиумите од „островото“ пренесуваат дека Сток Мектоминеј сака да се врати во Премиерлигата, фудбалерот од средниот ред се поврзува со шокантен кам-бек во Манчестер јунајтед но и преселба во Арсенал.

Минатото лето, Скот Мектоминеј го напушти Манчестер јунајтед и во трансфер вреден околу 25 милиони фунти се пресели во Наполи.

Трансферот се покажа како полн погодок, Шкотот одлично се снајде во Калчото, беше избран за МВП во Серија А, и беше еден од клучните играчи на Наполи на патот кон Скудетото.

Но последните шпекулации велат дека Скот Мектоминеј сака назад до Премиерлигата, каде неколку клубови пројавуваат интерес за неговите услуги.

Една опција е шокантен кам-бек во Манчестер јунајтед, друга пак е потпис со лут ривал и преселба во Арсенал.

Евертон и Тотнем исто така се дел од листата клубови кои внимателно ја следат ситуацијата на Скот Мектоминеј.

Наполи нема лесно да се откаже од фудбалерот и постави цена од 70 милиони фунти, односно три пати повеќе од тоа што го плати пред година ипол.

ФОТО: X/Official SSC Napoli

Можно е и ова да ти се допаѓа

×