Мектоминеј: Фудбалот станува мек, не ми се допаѓа…

by 24 фудбал
1 минути читање

Шкотскиот репрезентативец Скот Мектоминеј експресно се наметна како еден од омилените фудбалери на навивачите на Наполи, откако прикажува одлични партии во дресот на италијанскиот тим.

Во разговор за Corriere dello Sport, Мектоминеј отворено говореше за промените во модерниот фудбал и начинот на кој се толкуваат дуелите на теренот.

Мислам дека фудбалот постанува мек, премногу мек. Некои одлуки се многу, многу „благи“. Не сум навикнат на тоа. Додека растев не учеа да влегувме во дуели со поштено и цврсто. Денеска и најмалиот контакт може да значи жолт картон… Не е мое да судам, но мислам дека на се многу се пази. Се стана преосетливо“, изјави Мектоминеј.

Шкотланѓанецот не ја криеше ниту својата среќа од престојот во Неапол, потенцирајќи дека одлично е прифатен од навивачите и дека менталитетот на луѓето во градот многу наликува на оној од неговата татковина.

Тој додаде дека е целосно фокусиран на Наполи и дека во моментов не размислува за промена на средината, оставајќи јасна порака дека сака и во иднина да го носи дресот на италијанскиот клуб.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×