Македонската фудбалска репрезентација, покрај баражот за пласман на Светското првенство, ќе одигра и најмалку еден пријателски натпревар пред почетокот на Мундијалот.
Фудбалската федерација на Македонија добила неколку понуди од селекции кои ќе настапуваат на Светското првенство. Најконкретна е понудата од Тунис, кој изразил желба да одигра пријателски натпревар со Македонија, а дуелот би се играл во Скопје или на неутрален терен.
Понуда испратиле и од Мексико, еден од домаќините на Мундијалот, но таа била одбиена поради далечното гостување. Засега нема дефиниран термин за пријателски натпревар, а истиот ќе биде утврден доколку некој од дуелите официјално се потврди.
Доколку Македонија избори пласман на Светското првенство, ќе се најде во иста група со репрезентацијата на Мексико.