145
Мексико е шампион на средна и северна Америка откако во финалето во Чикаго ја совлада селекцијата на САД.
Клучниот момент се случи во 73. минута кога Џонатан дос Сантос постигна убав гол за водство и победа од 1-0.
Мексико по осум пат го освојува Голд купот и му набива комплекси на САД бидејќи Американците пет пати во финалињата губат токму од Мексиканците. Тие имаат шест трофеи и се втори на листата на освојувачи на овој турнир.